
Во понеделникот вечерта, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода 64-годишниот М.К. од Пробиштип, откако со своето возило удрил во дрво на улицата „Јоаким Крчовски“.
Сообраќајната несреќа се случила на 2 јуни 2025 година, околу 22:25 часот, кога возачот управувал патничко возило марка „Пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки. По несреќата бил извршен увид, а при алкотестирање било утврдено дека М.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, со измерени 1,78 промили алкохол во крвта.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот, против М.К. ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.