
На 09.03.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Пандил Шишков“ во Скопје, возач со патничко возило „мерцедес“ удрило во 15-годишна малолетничка.
Возачот по случајот веднаш побегнал и го напуштил местотона настанот без прикажување никаква помош на повреденото девојче.
Во незгодата малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.