fbpx

Возач од Лерин повредил полициски службеник кај Охрид

-

Попладнево, на магистралниот Охрид – Кичево, на делот од селото Подмоље кон Охрид, возач од Лерин, Грција, повредил полициски службеник од Охрид.

Полициските службеници издале наредба за запирање на патничко моторно возило „сеат ибица“ со грчки регистарски ознаки. Возачот сопрел по втората издадена наредба за запирање на возилото.

Кога полициските службеници се доближиле до автомобилот, возачот го стартувал наназад, по што со задната лева страна удрил во левата нога, во пределот на коленото, на полицaецот.

За да го сопре и да го заплаши, другиот полицаец истрелал еден куршум во воздух со службено формациско оружје, по што возачот запрел и бил легитимиран.

На полицискиот службеник му е укажана лекарска помош, по што е пуштен на домашно лекување.

Во текот на денот, грчкиот државјанин со соодветна пријава ќе биде предаден до Основното јавно обвинителство во Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...