Полицијата привела 49 годишен жител на село Обедник, демирхисарско, кој возел автомобил со 3,43 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.
Како што се наведува во соопштението, тој бил запрен од сообраќна полиција вчера во 19 часот на патот Битола-Демир.
„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди” со демирхисарски регистарски ознаки, кое го управувал В.Р. и по преземени мерки констатирано е дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,43 промили алкохол во крвта. В.Р. е исклучен од сообраќај, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ“, информира МВР.
