Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на Ј.П. „Национални шуми“ воведе делумна забрана за движење во шумите со кои стопанисува оваа претпријатие.

Забраната за движење стапи на сила денеска и ќе трае сè до нејзиното отповикување. Одлуката е донесена за да се спречи опасноста од појава на пожари.

Забраната не важи за вработените во Ј.П. Национални шуми и за фирмите кои субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува оваа претпријатие.

За непочитување на оваа забрана од страна на  физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, ќе им се изрече казна од 1.500 до 2.000 евра.

Истовремено, забрането е секакво палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловишта. За непочитување на одредбите од Законот за ловство се предвидува казна од 1.500 до 3.000 евра.

Забраната за движење во шума не важи за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, кои ќе бидат одобрени со дозвола од страна на дирекцијата и Подрачните единици на Ј.П. „Национални шуми“.