Поранешен ученик отворило оган во средно училиште во југоисточна Турција , ранувајќи најмалку 16 лица пред да се самоубие, изјави официјален претставник, пренесува Си-Ен-Ен.

18-годишниот напаѓач, вооружен со пушка, пукал во средно стручно училиште во Сиверек, покраина Санлиурфа, пред да се скрие во зградата. Подоцна се самоубил со истата пушка, изјави гувернерот Хасан Силдак. Во нападот биле повредени 10 ученици, четворица наставници, еден вработен во мензата и еден полицаец. Додека повеќето од нив биле пренесени во болницата во Сиверек, петмина од повредените наставници и ученици биле префрлени во болница во главниот град на покраината бидејќи нивната состојба е посериозна.

Мотивот за нападот останува нејасен. Пукањата во училиштата се ретки во Турција. Претходно, медиумите објавија дека сите ученици биле евакуирани и дека биле распоредени полициски единици за специјални операции откако напаѓачот одбил да се предаде.

„Лицето беше притиснато во зградата преку полициска интервенција и почина откако се застрела“, им рече Силдак на новинарите, додавајќи дека ќе биде спроведена „сеопфатна“ истрага за пукањето. Видео снимките покажаа десетици ученици како трчаат надвор од училиштето кон портата и на улицата.