fbpx

Вооружени напаѓачи од тетовец украле чанта со 23.000 евра

-

Четириесет и двегодишен жител на тетовското село Добарце вчеравечер во полиција пријавил дека двајца вооружени напаѓачи му украле чанта во која имало 23.000 евра, информира полицијата.

Разбојништвото се случило околу 21 часот, пред угостителски објект во селото Непроштено. Според пријавата, Ш.И. (42) и неговиот пријател О.М. (23) од Џепчиште, во тоа време со автомобил, марка „фолксваген пасат“, со германски регистарски ознаки, пристигнале пред локалот каде биле запрени од две непознати лица, вооружени со пиштоли, кои им наредиле да излезат од возилото. Едниот од напаѓачите му удрил шлаканица на О.М., а на Ш.И. му вперил пиштол и му наредил да му ја даде чантата во која имало 23.000 евра. Откако напаѓачите си заминале, Ш.И. и неговиот пријател со возилото се упатиле кон регионалниот пат, каде по кратко време О.М. ја отворил вратата и набрзина излегол од автомобилот.

Екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово извршила увид и почнала истрага за расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...