fbpx

Вонредни активности на oхридскиот кеј поради намалениот водостој на езерото

-

Деновиве во Охрид се спроведуваат вонредни активности за расчистување на градскиот кеј на потегот помеѓу двете пристаништа, каде силниот ветар кој дуваше деновиве натрупа големи количини тиња и тешко разградлив отпад кај пристаништето.

Како што информираат од ЈП „Охридски комуналец“, на расчистувањето ќе се работи и во наредните денови, бидејќи според проценките на претпријатието, треба да се подигне повеќе од 50 кубни метри отпад. Најголемо количество смет беше собрано пред хотелот „Палас“.

„Со намалувањето на водостојот на Охридското Езеро на овој потег натрупани се големи количини тиња кои се расчистени со употреба на специјална механизација,“ велат од претпријатието.

Експертите велат дека станува збор за вообичаена појава предизвикана од намалениот водостој на езерото. Инаку намалување на нивото на водата од по еден сантиметар нотирано е и кај Преспанското и кај Охридското Езеро, кај кои водостојот е понизок од повеќегодишниот просек за ноември, додека нивото на Дојранското Езеро е повисоко од просечното.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Жена од кочанско Оризари пронајдена удавена во канал за наводнување

Осумдесет и деветгодишна жена од селото Оризари, Кочанско, утрово била пронајдена удавена во канал за наводнување во близина на селото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Удавената жена ја пронашол...