Волонтерите си заминуваат од кампот во Идомени?

-

Условите на Идомени и понатаму се влошуваат. Дождот и лошите временски услови се како сол на отворена рана за бегалците по вчерашната најава на дел од волонтерските организации и на УНХЦР дека се повлекуваат од кампот. Шаторите одново тонат во кал, бегалците во студ, а со повлекувањето на волонтерските организации, се стравува дека бегалците ќе останат и без донациите со храна и вода.

Невладините организации обезбедуваа по два-трипати дневно сендвичи и по едно шише вода за бегалците, но доколку заминат тие и престанат да доаѓаат волонтерите кои секојдневно со сопствени возила носеа храна и вода, бегалците ќе бидат оставени сами на себе, односно ќе мора да купуваат храна од локалните земјоделци, продавачи, па дури и од препродавачите, меѓу кои има и жители на бегалскиот камп. На Идомени сè уште доаѓаат комбиња од пекарници, земјоделци со зеленчук и со овошје од локалните селца, а има и кантина каде по стандардни грчки цени може да се купи храна, вода, сок или бисквити.

Според аналитичарот и активист за човекови права и слободи, Суад Мисини, македонски волентери има и на Идомени.

– Можни се две причини за повлекивањето на волонтерите од Идомени. Првата е да немаат повеќе пари и втората е повлекувањето да е во знак на револт и на протест против одлуката да се вратат во Турција – вели Мисини.

Мисини информира дека во прифатниот центар во Гевгелија волонтерите остануваат да им помагаат на бегалците и нема да се повлечат.

Во Идомени, пак, никаде ги нема ниту првите шест вагони за спиење што ги најави грчката железница како привремено засолниште за бегалците. Железницата најави дека ќе обезбеди вагони за спиење кои вкупно ќе може да сместат околу 800 бегалци, мала, но неопходна помош за бројката од 12.000-13.000 бегалци кои се на Идомени.

Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, вчера во интервју за телевизијата „Алфа“ изрази стравувања дека поради ужасните услови на Идомени, не е исклучено да има значително влошување на здравствената состојба и кај децата и кај постарите.

– Ние се грижиме да не починат деца во кампот кај Идомени, но тоа е нешто што ниту еден сериозен човек не може да го гарантира во случај кога постои олку голем бегалски бран. Она што можам да го гарантирам е дека ќе ги зголемиме нашите обиди да избегнеме да дојде до ваков случај – истакна Музалас.

Неговото останување во владата и понатаму е под знак прашалник. Грчкиот министер за одбрана и коалициски партнер во владата, Панос Каменос, по враќањето од САД истакна дека останува на ставот и инсистира Музалас да замине бидејќи веќе нема поддршка од пратениците на Независни Грци.

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија...