fbpx

Водостојот на реките намален, се санираат штетите

-

По обилните врнежи од дожд, водостојот на реките низ Македонија се намалува, а екипи расчистуваат на местата каде што имаше излевања, велат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Големи штети се предизвикани во Лакавичко, каде без струја се селата Лакавица и Лесковица, a водата во Штип е забранета за пиење.

Од Општина Штип велат дека ја следат состојбата со водостојот на реките во штипскиот и во лакавичкиот регион, по излевањето на Лакавичка и на Балталиска Река, како и по излевањето на Брегалница и истекувањето на вода од браната Мантово.

– По повлекувањето на водата од коритото на Отиња, утврдена е минимална штета на речното корито. Камениот ѕид кој беше граден покажа издржливост, а оштетување има само во третиот дел, веднаш до мостот кај црквата „Свети Никола“. Приватна механизација веќе работи на носење нов тампон и земја и враќање на овој дел од патеката и на коритото во претходна состојба. Синоќа беше евидентирано и затнување на главниот колектор кај црквата „Свети Никола“ и со итна интервенција на ЈП „Исар“, за само час и половина, проблемот беше решен – велат од Општина Штип.

Тие упатуваат повик до сите засегнати кои имаат да пријават штети, да дојдат или во Општината или да останат на своите места, каде ќе бидат посетени од екипи за процена на штети, кои ќе извршат архивирање на сè што е уништено и оштетено.

Спречено е излевање на реката Брегалница и поплави во домовите кај штипско Ново Село, како пред две години. Домовите се заштитени со поставување вреќи песок, а во контакти со надлежните служби, контролирано е нивото на река Брегалница за да се спречи излевање и предизвикување штети на имотите на жителите од Ново Село.

Водата за пиење во Штип не е за употреба поради заматување на бунарите од обилните врнежи, а жителите привремено можат да се снабдат со вода од цистерните за вода испратени од Јавното претпријатие „Исар“.

Во Пелагонија, по поројните дождови во изминатите 24 часа, властите се во паника поради можно излевање на Црна Река. Вчеравечер нивото на Црна достигнало 3,90 метри, а капацитетот за апсорпција на водата е 4,30 метри.
Од Дирекцијата за заштита и спасување ги следат состојбите со водостојот на реката во демирхисарско Бучин, како и во селата Егри, Оптичари, но и по течението на реката кај селото Радобор. Во пелагониската општина Новаци од вчера се чистат каналите во неколку села за да се направи протек на надојдената вода.

Надојдена е и реката Пчиња, која предизвикаа штети од село Пелинце кон Драгоманце. Таму поплавено е земјоделско обработливо земјиште, но и неколку куќи и придружни објекти во селата од општината Старо Нагоричане и во селата кои припаѓаат на општина Куманово. Поплавени објекти од Крива Река има на потегот од Јачинце, Довезнце и Клечовце, каде што водата сè уште не е повлечена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...