Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Примероците од водите на реката биле земени еден ден по хаваријата, а анализите ги направила акредитираната лабораторија „Технолаб

-

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе бара кривична одговорност од Булмак и рудникот Тораница, каде пред две недели имало хаварија и истекла вода од таложникот за јамски води.

„Во моментот се испитува квалитетот на водата од бунарите, а дополнително се чекаат резултати од водата за пиење од градскиот водовод, која засега се смета дека е безбедна за пиење“, рече Митовски.

Примероците од водите на реката биле земени еден ден по хаваријата, а анализите ги направила акредитираната лабораторија „Технолаб“. Митовски истакна дека водите се сериозно загадени и претставуваат опасност за животот и здравјето на луѓето и живиот свет, особено заради зголемените концентрации на тешки метали, особено олово.

Кривична одговорност од Булмак денеска побараа и од О2 Иницијатива од каде велат дека Државниот инспекторат за животна средина не постапил според своите овластувања и не нарачал анализи на водата, иако јасно се гледало дека е заматена. Екологистите велат дека ДИЖС ја дезинформирале јавноста дека на 14 март се излеала само вода од таложникот за јамски води, која не содржи хемиски средства, а тоа го тврделе без да извршат анализа на водата и да имаат доказ. Тие побараа, со оглед на тоа дека ова е трет прекршок на Булмак, Министерството за животна средина да му ја одземе А- интегрираната еколошка дозвола.

„Дента на хаваријата примероци од водата земаа од риболовниот клуб Мрена Крива Паланка, а општината следниот ден, за разлика од инспекторите на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), кои не земале примероци за анализа од водата на Крива Река и Тораница и не повикале акредитирана лабораторија која би земала примероци и извршила анализа, велат од О2 Иницијатива.

Екологистите предупредуваат дека загрозена е и реката Пчиња, бунарите, подземните води, живиот свет, почвата по текот на овие реки, земјоделските насади кои се наводнуваат од овие речни подрачја, сточниот фонд и животот и здравјето на луѓето што ги конзумираат овие производи.

Долготрајни последици и штети по земјоделските поседи, земјоделски и овошни култури се очекува да има во реонот општината и соседната општина Ранковце, т.е. Славишко поле.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...