Водич за колекции на реплики на оружја, фигури и статуетки од видео игри

Frostmourn Replica Скриншот од Blizzard Store
Frostmourn Replica Скриншот од Blizzard Store

Поголемите фирми што произведуваат видео игри продаваат и реплики на оружја од игри, фигури и статуетки кои имаат висок квалитет и астрономски цени. Во овој напис ви ги прикажуваме најскапите вакви предмети кои се сон на сите гејмери колекционери од различен вид.

Би започнале со „Мечот на Артас – Фростмоурн“. Ова е проколнат меч кој што е исто така најпознатото оружје во светот на Warcraft. Близард прават метални реплики од мечот во помали количини, но и тие веднаш успеваат да се продадат.

Интересни карактеристики и понатамошни приказни за овој меч се дека Паладинот Тирион со својот меч „Ашбрингер“ го крши Фростмоурн во рацете на Артас кој станува „Лич Кинг“. Во Воркрафт 3 Артас Менетил го убива Илидан Стормрејџ со „Фростмоурн“ додека Илидан ги има мечовите „Wargrailves of Azzinoth“. А, според World of Warcraft парчињата што остануваат од искршениот меч ги собира класата Death Knight и од нив кова два еднораки мечови, наменети за „фрост таленти“ во експанзијата Legion.

Репликата на „Фростмоурн“ се продава за 1500 долари во редовна цена и моментално сите примероци се распродадени.

Втора доста популарна реплика е раката на Секиро, чија продажба почна неодамна од фирмата Fromsoftware. Секиро на јапонски значи „Еднорак волк“ и во играта за која може да прочитате и наш претходен напис. Играте со шиноби кој ја губи левата рака и му е имплантирана вештачка рака на која се монтираат различни оружја во играта. Кај гејмерите простетската рака на Секиро има особена повеќезначност и вредност a моментално се продава за 320 долари.

Што се однесува до реплики од God of War серијалот со особената популарност моментално на God of War Ragnarok можат да се најдат сите оружја, вклучувајќи ја главната секира и мечовите. Цените се далеку попристапни од претходните два случаја дека се движат од 30 евра до 200 евра во просек. Секако, квалитетот варира според цената.

Од колекционерските фигури и статуетки – најскапта статуетка е од Лара Крофт од „Tomb Raider“ серијалот која се продава за 1500 долари.

Друга позната статуетка доаѓа од продавницата на Близард и станува збор за скапа статуетка од ликот на Лилит која чинеше околу 600 евра уште пред да излезе играта Диабло 4 каде таа е главниот негативец. Но, моментално највисока цена има статуетката на „Архангелот Инарус“.

Сепак една од попопуларните статуетки со исто астрономска цена е онаа на Илидан Стромрејџ, првиот Најтелф Демонхантер, која мометално е на намаление и наместо 600 чини 480 евра.

Секако гејмерите ширум светот ги посакуваат сите овие реплики од оружја и статуетки во својот дом, но бидејќи веднаш се продаваат и се во премали количини гејмерите не можат да дојдат до нив.

Како косплејерите кои за костими го прават мечот „Фростмоурн” од морска пена и го прскаат со спрејови за “метална боја”. Секако поради ова и поради други фактори излегуваат и поефтини верзии на истиве работи -како во случајот со God of War.

А вакви и слични реплики како да речеме “Атландискиот Меч” на Конан, или “Катаната на Хајлендер” или пак “Екскалибур” од филмот “Крал Артур” од 80ти/90ти години, можат да се нарачаат и од интернет.

Но што се однесува до достапни акциони фигури и статуетки со најдобар квалитет што се продаваат во Скопје-преку кои можете и да нарачате специфични фигури од колекции, две најдобри места се „Гоблин“ Друштвени игри и стрип книжарница „Бункер“ каде можете да најдете квалитетни примероци по пристапни цени.

Секако за играчки од овој тип на пример суперхерои, најефтина продавница е ланецот продавници „Анаконда“ каде може да соберете цела колекција од Авенџерс по цена од 150 денари по суперхерој направени од нетоксична пластика, поевтино од тоа што може да се нарача на Алиекспрес и слични сајтови.

Друга опција за собирање на акциони фигури се продавниците за детски играчки „Крш“, но ви препорачуваме од таму да купувате стриктно кога има драстични попусти, затоа што инаку се прескапи. На последно место се книжарниците Литература мк каде може да се најдат сите франшизи, но со лош избор на прескапи и обично лошо направени фигури.

Ви препорачуваме при купувањето акциони фигури, внимателно да ги отварате и да ги сочувате оригиналните кутии/пакувања, а за најдобро складирање препорачуваме вакумирани кеси или потешката метода: да ги пресувате со раце кутиите за да фаќаат помалку простор и дома и во подрум воедно.