Водич за деца за новиот корона вирус (видео)

Фото: Арбнора Мемети

„Кома“ дизајн студио изработија ново видео за деца како водич за новиот корона вирус.

Во видеото има одговори на прашањата за корона вирусот, како тој влегува во клетките, како ги разболува луѓето, како може да се помогне, има ли простор за загриженост и др.

„Ковид-19 главно прави луѓето да кашлаат да се чувствуваат уморно и да имаат висока температура. Но постарите луѓе и луѓето кои имаат одредени здравствени состојби може многу да се разболат. Штом влезе во клетката вирусот прави многу копии од себе, тие копии се пробиваат надвор од клетката и ги инфицираат останатите клетки. По некое време се создаваат толку многу вирусни честички што нашите нормални клетки не можат соодветно да функционираат и тогаш се разболуваме,“ се вели во дел од видеото.