Во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е забележано зголемено ниво на арсен, соопшти денес ЈП „Комунален сервис“ од Валандово.
„Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање на нови резултати кои ќе ја потврдат нејзина исправност. Водата може да се користи исклучиво како техничка вода,“ велат од валандовското комунално претпријатие.
Оттаму нагласуваат и дека веќе се преземаат сите потребни активности и се вршат дополнителни анализи и контроли на квалитетот на водата, во соработка со надлежните институции.
