Водата во селото Теарце сè уште се зема од реката Бистрица и се користи само за техничка употреба, а не за пиење. Иако беше кажано дека од вторник вода ќе се црпи само од изворите а не од реката, од ЈП “Хигиена“ велат дека со препорака на Институтот за Јавно Здравје, тие не прекинале да земаат вода од реката. Од друга страна граѓаните се жалат дека водата не е чиста и дека се принудени постојано да купуваат вода за пиење, пренесува „Порталб.мк“.

Водата во селото Теарце, Пршевце и Глоѓа во Општина Теарце веќе неколку дена е прогласена за загадена со фекалии, не е за пиење и се користи само за технички намени. Од ЈП “Хигиена“ известија дека водата била загадена поради чистењето на базените во хидроцентралите без дозвола од општината. Од друга страна, граѓаните жалат дека се принудени да купуваат вода за пиење.

“Неофицијално сме известени од ИЈЗ дека водата е чиста, меѓутоа без да добиеме официјално известување ние не можеме да објавиме такво соопштение. Очекуваме ИЈЗ во текот на следните денови официјално да не извести за да ние да ги известиме граѓаните“, вели директорот на ЈП “Хигиена“, Мефаил Мифтари.

Иако беше кажано дека заради загадување на водата при чистење на базените на хидроцентралите, ќе се прекине снабдувањето со вода од реката Бистрица, Мифтари известува дека истото не се случило по укажување на ЈИЗ.

“Не, не сопревме водата што се зема од реката, по укажување на ИЈЗ. Тие препорачуваат водата да се користи технички намени бидејќи температурите се високи“, рече Мифтари.

Мифтари известува дека водата во изворите е исцрпена и дека ќе се користи вода од реката додека не почнат првите врнежи. Меѓутоа тој додава дека очекува многу наскоро, иако водата се користи од реката како во текот на последните 20 години во Теарце, таа да биде наскоро и за пиење.