fbpx

Во „Жан Митрев“ биле извршени над 10 детски кардиохирушки интервенции на државен трошок

-

Повеќе од десет детски кардиохирушки интервенции се извршени во изминатите два месеца во Клиниката „Жан Митрев“ откако почна да функционира новиот модел на јавно-приватно партнерство.

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски кој со тим на лекари и медицински сестри замина од државната Детска хирургија во клиниката „Жан Митрев“ рече дека станува збор за пет деца на возраст над една година, а другите се на возраст под една година. Тој посочи дека, бидејќи станува збор за бебиња од два килограма со тешки срцеви мани, американски тим опсервира од страна, а тие ги вршат интервенциите.

– Имаме 12 комплетно опремени кревети за интензивна нега, операциска сала која постојано ни е на располагање, каде можат да се извршат и најтешките интервенции во комбинации со интервентна кардиологија, магнет и компјутерска томографија. Целта ни е да ги згрижиме најтешко болните деца во државата, не само оние со срцеви проблеми, туку секое дете кое ќе бара екстремно добро опремена интензивна нега со кадар. Имаме тим кој е сертифициран за дијализа на бебиња –  рече Чадиковски.

Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека овие модели на партнерство помеѓу приватното и државното здравство се иднината што треба да се развива во нашиот здравствен систем.

– Сакаме да ги отвориме вратите за влез на приватниот капитал и на тој начин да ги надградиме условите, тие да се подобрат. Тенденцијата не е да се затвораат болниците, туку да се надградат и осовременат и да дадат здравствени услуги кои граѓаните ги заслужуваат. Ќе правиме се да ги зголемиме инвестициите во здравството, квалитетот на здравствената услуга и пристапот не само по моделот на јавно-приватно партнерство, туку и преку законските измени кои ги правиме со цел вкупниот број доктори од различни сфери да биде достапен за сите граѓани – истакна Филипче.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, рече дека кардиохируршките операции кои ќе се извршуваат во приватната болница, ќе продолжат да бидат на товар на Фондот како и досега.

Според доктор Жан Митрев, сопственик на Клиниката, од кога почнале, имаат направено над 1.000 интервенции врз деца со вродени срцеви маани.

– Речиси 20 години згрижуваме 80 до 90 деца. Ние континуирано ја работиме таа детска кардиохирургија. Меѓутоа неонаталната детска кардиохирургија е нешто плус посебно во однос на она што значи квалитет, посветеност и исчекор во таа област – додаде д-р Митрев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...