fbpx

Краделе возила, ги растурале и ги продавале на делови

-

Единица за општ криминал до надлежното обвинителство, поднесе кривична пријава против лицата Н.Ш. (58) од село Оризари – Липково и Т.Ж. (71) од Скопје поради основано сомневање дека извршиле тешка кражба. На овие лица им е одредена мерка притвор во траење од осум дена, но Н.Ш. во моментот е недостапен за полицијата.

Кривичното дело го извршиле така што пријавениот Н.Ш., на 9 октомври, во скопската населба Крњево, забележал паркирано возило марка „голф 4“ и откако се уверил дека нема да биде забележан од никого, на непознат начин, најпрво го отворил заклученото возило, го запалил  и се упатил кон отпад за кој е утврдено дека работи на црно, лоциран во село Петровец, сопственост на пријавениот Т.Ж.  Потоа, одземеното возило пријавените веднаш го растуриле со намера да ги продаваат деловите од истото. Притоа, еден дел од деловите на возилото ги продале на непознати лица, а шасијата од возилото ја исекле на парчиња и ја продале како старо железо.

На 24 овој месец, извршен е претрес во отпадот, при што пронајдени и одземени се поголемо количество делови од повеќе растурени возила за кои постои сомневање дека потекнуваат од други исти сторени кривични дела.

Инаку, во изминатиот период, против пријавените се поднесувани кривични пријави и тоа: против Н.Ш. во временскиот период од 2000-2014 година му се поднесени шест кривични пријави и тоа три од областа на имотните деликти (тешка кражба, одземање моторно возило и прикривање), две од областа на кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај и една од областа на кривични дела против правниот сообраќај (фалсификување исправа), а против Т.Ж. во временскиот период од 1996-2013 година поднесени се 17 кривични пријави и тоа 15 од областа на имотните деликти (тешки кражби, одземање моторно возило и затајување), една од областа на кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот (предизвикување општа опасност) и една кривична пријава од областа на кривични дела против слободите и правата на човекот и на граѓанинот (загрозување на сигурноста).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...