fbpx

Во ЗАМП се затечени – допрва ќе решат како ќе му возвратат на Министерството за култура

-

Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) деновиве ќе донесе одлука како и дали ќе возвратат на решението од Министерството за култура, со кое македонската и српската музика се враќаат пред гледачите на телевизија и слушателите на радио.

Претседателот на управниот одбор на ЗАМП, Григор Копров, не сакаше да ја коментира оваа одлука на Министерството за култура, пред органите на здружението да донесат одлука што понатаму.

– Деновиве, органите на ЗАМП треба да расправаат за оваа одлука на Министерството за култура. Јас ќе ја почитувам нивната одлука и ќе се залагам за неа – вели Копров.

Забраната за емитување македонска музика од страна на ЗАМП беше воведена на 19 септември, а како причина го наведоа „повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз работењето на ова Здружение и создавањето на можноста да се формира паралелно здружение за истите права, во случајов СОКОМ МАП“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се бара нов директор на МКЦ – Арсовска во својот мандат досега смени 36 директори во јавни претпријатија и установи

Вкупно 36 директори сменила градоначалничката Данела Арсовска во 16 институции кои се под ингеренција на Град Скопје, покажуваат податоците кои Мета.мк ги доби користејќи го Законот за слободен пристап...