fbpx

Во второто тромесечје годинава починале за 40 отсто повеќе лица споредено со лани (инфографик)

-

Во периодот април-јуни 2021 година во земјава се регистрирани дури 7.496 починати лица, што е за 40,2 отсто повеќе во споредба со второто тримесечје од 2020 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека загрижувачкиот тренд на зголемување на бројот на починати лица во земјава продолжува и во текот на 2021 година.


Колку за потсетување, Мета.мк веќе пишуваше дека во 2020 година е регистриран рекорден пораст на бројот на починати, како ниту една година до тогаш за периодот од 1995 година наваму. Лани биле регистрирани над 25 илјади починати лица, односно за 26 отсто повеќе во споредба со претходната година.

Во првите шест месеци од 2021 година, статистичките податоци велат дека во земјава починале 14.421 лице, што е загрижувачки податок. Инаку, податоците од Државниот завод за статистика споредени по квартали ги објавуваме според последните достапни информации за секој квартал засебно од овој извор на информации.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, бил намален за 4 отсто и изнесувал 4.604 живородени деца.

Меѓу починатите 7.496 лица во периодот април-јуни 2021 година се вбројуваат и 13 умрени доенчиња.

Поради исклучително високиот број на починати лица, природниот прираст на населението во вториот квартал бил негативен и изнесувал -2.892, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица во С. Македонија.

Инаку, според последните податоци на Министерството за здравство, од почетокот на епидемијата на ковид-19 и заклучно со вчерашниот ден, во нашата земја бројот на починати од ковид-19 изнесува 5.938.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...