Владата донесе одлука да се забрани движењето за сите граѓани во текот на викендот во периодот од 16 до пет часот следниот ден, информираа оттаму. Ова следува откако денес беше објавено дека бројот на заболени лица во земјата се искачи на 177.

Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека починала пациентката од Дебар која повеќе денови беше на респираторна машина, и покрај сите напори на лекарите и на медицинските сестри. Тој додаде дека жената била на 66 годишна возраст, а земала хронична терапија за хипертензија. Заклучно со денеска до 12 часот, има 29 нови случаи на заболени од корона вирус. Пациентите се од Скопје, Дебар, Куманово, Штип, Кавадарци, Охрид, Гостивар, Прилеп и Велес.

– На Клиниката за инфективни болести, направени се контролни тестови на четворица пациенти, кои подолго време се лечат таму. Тие се негативни. Од нив тројца се во добра состојба и кај сите ќе земе уште еден тест согласно протоколот, па ако и тој е негативен, тројцата ќе бидат подготвени да одат дома. Нивната состојба постепено се подобруваше и согласно сегашниот наод на белите дробови, исклучително се мали шансите да дојде до некаква компликација – рече Филипче.

Тој информира дека од 29 нови пациенти, петмина се од Клиниката за кожни болести, кои после 16 дена во изолација без никакви симптоми, на земените тестови имаат позитивен резултат. Тие се асимптоматски, се наоѓаат дома и се во изолација и ќе продолжат да бидат во изолација. Со оглед на тоа што во оваа група има повеќе лица, денес се пет позитивни од 30 тестирани, а во следните денови ќе се тестираат и другите.

– Здравствениот систем може да ја амортизира бројката на пациенти. Анализираме искуства од сите земји, и можам да кажам дека со овој начин на пристап, со детални епидемиолишки анкети, со тест после инкубнацискиот период и со цврсти пораки за самоизолација, сметам дека е тоа нешто што најдобро може во овој момент треба да се направи во нашата земја – рече Филипче.

Тој додаде дека се разгледува можноста, исто како и во Куманово да се ограничи транспортот во Скопје. Рече дека новозаболените во главниот град се луѓе кои биле во самоизолација, но после предлогот од Комисијата утрово, сепак можно е дополнително да се ограничи комуникацијата и транспортот за време на викенд.

Позитивно досега е тоа што има многу пациенти кај кои вирусот е откриен во многу рана фаза. Тоа е целта, да се амортизира приемот во болница.

Инаку од денеска, некои пациенти почнале да примаат терапија која е комбинација на лековите азитромицин и хидроксихлорокин.

– Денеска двајца пациенти на Инфективната клиника се лечат со терапијата. Потребно е да се направи ЕКГ преглед зашто има и контраиндикација оваа терапија, не се дава на сите пациенти. Овде сакам и да укажам дека дека не треба луѓето да купуваат, зашто таа се дава споерд точна индикација на лекар специјалист. Ако има и најмала промена во ЕКГ-то, тогаш оваа терапија е контраиндицирана. Денес ќе завршат кардиолошките прегледи на сите пациенти и после ќе се утврди кому таа ќе се дава. Се прави план како да се направи да се дава и на лицата кои се на домашно лекување, но секако, таа би се давала во болнички услови. Инаку, оваа терапија се дава зашто дала добри резултати кај група од пациенти, значајно ја подобрила состојбата за седум дена, но се дава после детални кардиолошки испитувања. Ако се примети неправилност на срцето, лекот не се дава. Тоа може да даде дополнителни компликации. Да не помислат граѓаните да земаат сами ваква терапија – потенцира Филипче.

Досега, напрвени се повеќе од 1.000 тестови за корона вирус во земјата.

Во текот на денешниот ден владата објави видео инструкции за што да преземат оние лица што имаат симптоми на корона вирусот: