fbpx

Во црногорскиот Парламент имаше обид за физички напад, но не кон спикерот Џафери

-

Во веста на косовскиот „Индексонлајн“ за гласањето во црногорскиот Парламент за ратификација на протоколот за примање на Северна Македонија во НАТО, каде присуствуваше и спикерот Талат Џафери, во насловот на текстот се вели дека Србите не може да го поднесат Џафери, и дека пробале да го нападнат физички.

Но, во содржината на текстот, освен што се објаснува внатрешната дебата помеѓу црногорските пратеници и нивните обвинувања за минатото на Џафери, никаде не се потенцира било каков напад врз спикерот Џафери.

Имено, во содржината на написот е дадено објаснување за обвинувањата на српските пратеници за наводни дејствија на Џафери против српското население како офицер во воениот конфликтот и нивни меѓусебни внатрешни обвинувања.

Точно е, и дека имаше обид за физички напад, впрочем во текстот и се објаснува инцидент во црногорскиот Парламент и преку пренесениот видео материјал, но, помеѓу српскиот пратеник Милан Кнежевиќ и црногорскиот пратеник Миодраг Вуковиќ, а во ниту еден случај, не се случил напад врз спикерот Џафери.

Како што е веќе познато во македонската јавност, договорот беше ратификуван од црногорскиот парламент на 1 март, а за тој повод претседателот на собранието Џафери, напиша „Фејсбук“ статус за неговата посета во Црна Гора, каде не се потенцира никаков инцидент или напад врз него, туку само се наведува отсуството на опозицијата при гласање на ратификацијата за протоколот.

„Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, во рамките на дводневната работна посета на Црна Гора, денеска присуствуваше на чинот на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Собранието на Црна Гора. Гласањето беше едногласно и за Протоколот се изјаснија за 44 пратеници, во отсуство на пратениците од опозицијата.

По ратификацијата, Талат Џафери имаше билатерална средба со неговиот домаќин, претседателот на Собранието на Црна Гора, г. Иван Брајовиќ а дадоа и заеднички изјави за медиумите“, се вели во објавата на „Фејсбук“.

Но, и покрај сите информации пренесени и од медиумите во Македонија, во овој медиум нема нов напис со нова информација за овој случај. Текстот нема детално образложение кога точно се случил нападот, а нема ни став од спикерот Џафери, или пак, од црногорските власти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...