fbpx

Во три сообраќајки во Полошко, повредени четворица пешаци

-

Во три одделни сообраќајки изминативе два дена во Полошко, повредени се четворица пешаци.

Вчера попладне на улицата Ѓоце Стојчески Амбарче во Тетово, повредено е петгодишно дете, кое ја преминувало улицата. Детето било удрено од автомобил „мерцедес“, управуван од 63-годишник од Тетово. Детето е веднаш пренесено во тетовската болница, каде по укажаната помош, пуштено е на домашно лекување

Во Гостивар синоќа повреден е 49-годишен пешак. Тој бул удрен од автомобил „голф“ на улицата Браќа Гиноски. Пешакот, жител на Гостивар, од ударот добил тешки телесни повреди, скршеници на ребрата.

Полицијата изминативе два дена регистрираше и уште една сообраќајка, во која се повредени две жени од гостиварско Зубовце. Во нив удрил автомобил „БМВ“. Незгодата се случила на крстосницата од улиците Браќа Гиноски и Мајор Чеде Филиповски во Гостивар

Во последниве две недели, во Полошко се случиле десетина сообраќајни незгоди во кои се повредени повеќе пешаци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...