Форум на граѓански организации од Западен Балкан се одржува во Тирана од денеска до 28 април, пишува весникот на македонски јазик „Илинден“.
Средбата е во функција на претстојниот Самиот за Западен Балкан, кој се планира да се одржи во јули во Трст.
Целта е да се предложат конструктивни и изводливи политики, кои поддржуваат реформски процеси во земјите на Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ.
Учествуваат стотина претставници на граѓански организации од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, и од домаќинот Албанија, како и претставници на европски институции, парламенти на земјите од Западен Балкан, како и италијанското Министертвото за надворешни работи.
На форумот се говори за тоа како граѓанскиот сектор придонесува во изградбата на европската агенда и европската политика, како и за соработката на младите, а ќе бидат формулирани препораки за Самитот во Трст.
Тие се однесуваат на иднината на Берлинскиот процес, соработката на младите, владеењето на правото и на антикорупцијата, иновациите, билатералните односи, јавуваат албанските медиуми.