Во Тирана потпишани три договори, Заев во иднина ветува учество и на Димитар Ковачевски

-

На Самитот од иницијативата „Отворен Балкан“ денеска во Тирана беа потпишани трилатералните договори за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, за интерконекција за шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан и за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарна политика.

Премиерот Зоран Заев рече дека иницијативата „Отворен Балкан“ ќе ја има поддршката и од неговиот наследник, Димитар Ковачевски.

„Денеска сите видоа дека и мојот наследник Димитар Ковачевски, кој е овде со нас, подеднакво ќе биде посветен на овој процес, а лично верувам дека ќе биде прекрасно плус освежување и забрзување на практичната реализација на сите придобивки за граѓаните на сите три земји и воопшто на Балканот“, изјави премиерот Заев.

Тој додаде дека регионот на Западен Балкан мора да се европеизира, без разлика дали Брисел ќе го забави проширувањето на ЕУ или не. Иницијативата не е замена за ЕУ, туку е засилувач на европската идеја на Балканот.

Заев потенцираше дека „Отворен Балкан“ се издига на европските идеи и вредности кои се секогаш поголеми и попривлечни од европската администрација и во тоа име оваа иницијатива e силен придонес кон големите идеи и вредности на Европската Унија, придонес кој регионот не го носи на ниту едно друго место, туку единствено поблиску до самата Унија.

„Кога ЕУ потфрла, ние имаме обврска постојано и постојано да преземаме иницијативи кои го европеизираат регионот и кои носат подобар, европски живот за нашите народи. Се разбира, сите три земји остануваат посветени на своите одделни агенди и обврски за пристапување во членство во Европската Унија“, рече Заев на прес-конференцијата.

Премиерот Заев ја истакна поддршката на САД и на ЕУ за оваа иницијатива и подвлече дека оваа поддршка потврдува дека спроведуваме одржлив процес за заеднички економско-политички простор на Западен Балкан со конкретни придобивки за сите наши граѓани.

Во своето обраќање премиерот на Албанија Еди Рама нагласи дека договорите потпишани во Тирана одат во насока на изедначување со принципите на пазарите на ЕУ и за регионот претставуваат чекор напред во хармонизирање со регулативите и практичните придобивки за бизнис заедниците и граѓаните.

Еди Рама додаде дека „Отворен Балкан“ генерира резултати и го испорачува она што го предвидуваше Берлинскиот процес и дека останува инклузивен процес за останатите три земји од Западен Балкан кој ги повикува да се приклучат.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ потенцираше дека најважно е што договорите од Тирана се од директна придобивка на граѓаните на Албанија, Србија и Северна Македонија, и изрази благодарност до премиерот Заев за неговиот придонес оваа иницијатива не само да се одржа, туку ги дава и првите конкретни резултати и којашто го менува лицето на регионот.

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација,...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на...