До 16 јуни трае настанот „Steam Next Fest“ кадешто се нудат стотици ДЕМО верзии на игри коишто пристигнуваат наскоро. Со секое изигрување на некоја ДЕМО верзија од игра, дали кога ќе биде достапна за купување, или доколку е веќе достапна за купување, си одлучувате дали сакате да ја купите веднаш.
Бројот на достапни игри е толку огромен и има достапни делови од игри во навистина многу подкатегории за сечиј вкус. Зборот „ДЕМО“ е гејмерски термин што нуди најчесто почетен дел од игра за испробување и е скратено од “демонстрација на видео игра”. Исто фукнционира како испробувањето на производи во маркетинг.
Во последно време во гејминг индустријата независните девелопери или таканаречените инди-девелопери, кои се најчесто група на пријатели ентузијасти што прават мали фирми за развивање и изработка на видеоигри, или само еден човек, ширум светот почнаа да прават свои нови игри од кои некои и ги надминаа и големите фирми во гејмингот со продаваност и популарност најистакнат пример за ова е играта PalWorld за која имаме претходни написи овде.
Наспроти тоа што гигантите девелопери имаат средства и технологија ентузијастите гејмери со помалку средства и инвестиции во солидни персонални компјутери и само со креативност успеаа да направат стотици нови игри и затоа има ваква експанзија на креативност и на Next Fest на Steam.
Процес во кој не заостануваат ни македонските девелопери на игри чиј труд највеќе се итакнува на Global Game Jam натпреварите во правење игри за кои редовно известуваме и ги најавуваме настаните пред да се одржат.
А досега најуспешна игра во македонско производство е играта Tie Dye на студиото „Furious Avocado“. Секако има и полно други луѓе посветени на правењето видео игри што чекаат нивните игри да бидат одобрени (“greenlighted”) на Steam.