fbpx

Во техничкото во Битола, само пет ученици се тестирале

-

Заменски наставници кои не се избрани на наставнички совет го вршат екстерното тестирање во дел од училиштата во Битола, обвинуваат од регионалнта канцеларија на СОНК. Директори на повеќе училишта во градот, отакако увиделе дека стапиле во штрајк професорите кои се избрани на наставнички совети да го вршат тестирањето, веднаш нашле други лица да го спороведуваат екстерниот тест, вели Фанче Јошевска, претседател на СОНК во Битола.

– Екстерното во Битола се спроведува делумно, но, во исто време, со многу нерегуларности. Тоа значи дека заменските наставници се лица кои не се избрани на наставнички совети. Откако професорите избрани за членови на комисиите стапија во штрајк, училиштата веднаш најдоа заменски наставници. Поради ова, ќе мора да се анализира колку е тестирањето регуларно – предупредува Јошевска.

По вчерашниот бојкот на екстерното тестирање во средното техничко училиште во Битола, утрово на тестирање влегле само пет ученици. Пред почетокот на тестирањето, се собрале 30 од вкупно 73 ученици што требало да влезат на полагање, но повторно пет минути пред почетокот на тестирањето, го напуштиле училиштето.

Што се однесува до обвинувањата на СОНК дека заменски наставници го спроведуваат екстерниот тест, директорот на средното техничко училиште не ја негира информацијата.

– Според нас, се подобрува ситуацијата и денеска на тестирање се пет ученици. Имаме и заменски наставници, мораше да се најде замена, иако не беа избрани на наставнички совети, тоа не е проблем, едноставно направивме замена – вели директорот Драган Стојановиќ.

Се зголемува бројот на наставници кои влегуваат во штрајк во Битола. Првпат денеска во штрајк се професорите и од гимназијата „Јосип Броз Тито“.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...