fbpx

Во светот 670.000 лица со корона вирус, починале над 31.000

-

Најновите податоци за коронавирусот покажуваат дека во светот во моментов се заразени 669.086 лица, додека бројката на оздравени е 143.128, а починале 31.068 лица.

До сега најголем број заболени има во САД, вкупно 123.781 што ја надминува бројката на заболени во Италија каде што има 92.472 лица. Во Кина има 81.439, во Шпанија 73.235, Германија 58.247, Франција 37.575 заразени со вирусот. Сепак, бројот на починати е најголем во Италија, вкупно 10.023.

Медиумите ја пренесоа веста дека Доналд Трамп нема да го стави Њујорк под карантин и покрај зголемувањето на случаи на заразени со корона вирус.

Софи Трудо, сопругата на канадскиот премиер на својот фејсбук профил напиша дека се опоравува од корона вирусот, откако кај неа беше утврден позитивен тест на коронавирус на 12 март, непосредно по нејзиното враќање од Лондон. Во Канада во моментот има 5.655 заразени, 60 смрттни случаи и 508 оздравени.

На Балканот најголем број заболени има во Грција каде 1.061, а најмалку во Црна Гора 84 лица. Во овие две држави има и најмногу 32 во Грција, односно најмалку починати во Црна Гора, еден смртен случај.

Број на заразени по држави:
1. Грција – 1.061 (починати 32, оздравени 52)
2. Словенија – 684 (починати 9, оздравени 10)
3. Србија – 659 (починати 11, оздравени 42)
4. Хрватска – 657 (починати 5, оздравени 45)
5. Бугарија – 338 (починати 8, оздравени 11)
6. Босна и Херцеговина – 323 (починати 6, оздравени 8)
7. Македонија – 241 (починати 4, оздравени 3)
8. Албанија – 197 (починати 10, оздравени 33)
9. Црна Гора – 84 (починати 1, оздравени 0)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...