Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Според првичните информации на обвинителството, возачот на мотоциклот немал ниту возачка дозвола ниту носел заштитна кацига. Тој не успеал да избегне судир со електричен тротинет управуван од 14-годишник

-

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

Според првичните информации на обвинителството, возачот на мотоциклот немал ниту возачка дозвола ниту носел заштитна кацига. Тој не успеал да избегне судир со електричен тротинет управуван од 14-годишник. Сообраќајната несреќа резултирала со смрт на 16-годишникот на лице место, додека малолетникот кој управувал со тротинетот е повреден и задржан на лекување.

Јавниот обвинител издал наредби за утврдување на точните причини за несреќата, вклучувајќи преглед на снимки од видео надзор и обдукција на телото на починатиот. Дополнително, ќе бидат извршени анализи за евентуално присуство на алкохол или други недозволени супстанции кај малолетникот кој управувал со тротинетот.

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет...