Во среда конференција „Менструална правда за сите“

Фото: Tiiiit.inc

Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.“ заедно со иницијативата „Период“, ја организираат конференција „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!“, која ќе се одржи на 31 мај во хотелот „Холидеј Ин“ во 10 часот. Како што информираат организаторите, од истражувањето „Менструална правда: проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките“ од 2021 година, нотирани се придвижувањата во рамки на дел од надлежните институции.

„Затоа оваа конференција е повод да ни даде заеднички простор за разговор околу постојните предизвици и како можат да се надминат за да се дојде до конкретни резултати кон конечно искоренување на менструалната сиромаштија и доаѓање поблиску до состојба на менструална правда“, велат организаторите.

Целта на конференцијата е да поттикне промени во јавните политики кои би довеле до системски решенија и создавање на функционални механизми и мерки во врска со менструирањето како дел од напорите за подобрување на сексуалното и репродуктивно здравје.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на граѓански здруженија, членки на парламентот на Рeпублика Северна Македонија и други државни институции. Присуството на конференцијата можете да го пријавите на овој линк најдоцна до 29 мај.