Во Србија поставени рециклирачки машини кои во замена за пластични шишиња испуштаат храна за кучиња бездомници

Фото: Инстаграм профил на организацијата „28 ЈУН“

Хуманитарната организација „28 ЈУН“ вчера во општината Стари Град во Белград, Србија постави двe рециклирачки машини кои откако ќе примат пластично шише за рециклирање испуштаат храна наменета за кучиња бездомници.

Се работи за рециклирачки кутии со големина на банкомат се напојуваат со струја преку соларни панели поставени на нивниот горен дел што значи дека нивната работа е овозможена преку енергија прозиведена од обновливи извори.

„Шишиња се фрлаат преку отворите што се ноаѓаат на врвот на машината, а садовите за храна и вода за кучињата бездомници се наоѓаат на дното на автоматот. Целта на овие машини е да ги поттикнат луѓето да рециклираат, бидејќи со користењето на средставата од рециклираната пластика ќе се обезбедува храна за уличните кучиња на кои во зимскиот период им е добредојдена било каква помош за преживување“, велат од организацијата „28 ЈУН“.

Фото: Инстаграм профил на организацијата „28 ЈУН“

Овие автомати имаат вградена технологија што дава приказ на податоци за начинот на употреба, истовремено го следи нивото на храна, вода и внесениот рециклирачки отпад. Исто така, тие се програмирани да се заблагодаруваат на корисниците на српски и на англиски јазик, а раскажуваат и интересни приказни за општината Стари Град.

„28 ЈУН“ е хуманирана организација со специјален консултативен статус од Обединетите Нации во сферата на социјалниот и економскиот сојуз што цели кон подобрување на животите на жителите во државите од Западен Балкан или оние кои живеат на поранешната територија на Југославија. Формирана е во 2012 година од српско-канадскиот уметник Филип Филипи. Ова е првиот проект од предвидените десет по повод јубилејните 10 години постоење на единствената хуманитарна организација на Балканот што е подрржана и препознаена од ОН.