fbpx

Во Србија власта зема речиси 100 отсто од времето во политичките програми

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Политичките содржини во телевизиите со национална фрекфенција во Србија речиси целосно отсто се резервирани за претставници на владејачкото мнозинство, информира српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите Istinomer.rs пренесувајќи го извештајот на организацијата CRTA од следењето на медиумските содржини во Србија од 4 март до 17 април.

Во втората половина на март, во информативните емисии, обраќањето на политичките актери во редовните и вонредните програми поврзани со актуелната криза со новиот корона вирус, како и прес-конференциите, речиси 99 отсто од емитуваните содржини биле одвоени за претставниците на власта.

Следени биле телевизите РТС1, ТВ Пинк, ТВ Прва, ТВ Хепи и ТВ Б92, во периодот од 17.30 до полноќ.

Од 4 до 15 март владејачките партии имале 91 отсто од времето во ударните термини, а опозицијата која ги бојкотира изборите добила четири отсто, а останатите пет отсто се на другата опозиција. Од 16 до 31 март владејачката СНС била неприкосновена, 99 отсто од времето во политичките емисии и преноси биле застапени политичарите од таа партија.

Од 1 до 17 април, работите пак се враќаат „на старо“ и власта пак имала 92 отсто од времето.

Доминантни политички фигури биле претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.

Црногорскиот сервис за борба против дезинформациите Raskrinkavanje.me, пак, се позанимавал со една дезинформација за наводен лек за новиот корона вирус. Имено, првин српски „Информер“ минатата седмица објавил текст во кој се тврди дека Србија произвела лек против корона вирусот, односно лекот хлорокинон, а оваа вест била преземена од неколку традиционални медиуми и портали во Србија, Црна Гора и Косово.

Raskrinkavanje.me посочува дека тврдењето дека е произведен лек за Ковид-19, болеста предизвикана од новиот корона вирус е неточно, односно да било така, тоа ќе го соопштела и СЗО. Но на веб-сајтот на светската здравствена организација се уште стои дека досега нема некој лек што би го спречил или би го лекувал Ковид-19, како и дека моментално се прават истражувања, така што станува збор за дезинформација на медиумите што ја објавиле или презеле таа вест, пишува Raskrinkavanje.me.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...