Во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје загина 24-годишно момче од Свети Николе

По наредба на обвинител при тетовското јавно обвинителство, телото на починатиот било дадено на обдукција

-

Патничко возило „голф“ со светиниколски регистарски таблици вчеравечер околу 20:30 часот излетало од коловозот на автопатот Тетово-Скопје.

Во несреќата на местото на настанот починал возачот В.З. (24) од Свети Николе, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Лекар од Итната медицинска помош од Тетово констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител при тетовското јавно обвинителство, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Тетово.

Во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје загина 24-годишно момче од Свети Николе

Патничко возило „голф“ со светиниколски регистарски таблици вчеравечер околу 20:30 часот излетало од коловозот на автопатот Тетово-Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал возачот В.З. (24) од Свети Николе,...