fbpx

Во Солун и во Атина состојбата се нормализира по силните дождови

-

Од утрово метрото и трамваите во Атина повторно сообраќаат, а некои од клучните сообраќајници што вчера беа затворени поради поплавување исто така од утрово се отворени за сообраќај. Во Солун и на островот Евија состојбата исто така беше многу лоша, таму некои луѓе мораа да бидат спасувани. На планината Грамос падна првиот снег.

Се очекува денеска невремето „Балос“ денеска да опфати голем дел од територијата на Грција, јави „еКатимерини“.

„Балос“ почна да прави проблеми завчера вечерта, наидувајќи од запад и бргу зафаќајќи ги полуостровот Пелопонез и областа Атика, а потоа и островот Евија. Предизвика големо невреме на островот Евија и серија на големи проблеми и во главниот град Атина, со поплавување на куќи, училишта и сообраќајници, поради што илјадници патници и возачи мораа да чекаат услови за нивните автобуси или автомобили повторно да се движат.

Во Атина имаше и испади на електричната мрежа. Имаше поплавени училници и голем дел од учениците денеска се дома, како и сите вработени на коишто обврските им го дозволуваат тоа. Во текот на вчерашниот ден во областа Атика и на Евија имало неколку стотини повици за помош.

Силен дожд вчера врнеше и во вториот најголем грчки град Солун, каде пожарникарите имале десетици интервенции за помагање. За само неколку часа, наврнале 25 сантиметри воден талог, што е речиси половина на количеството што во септември паѓа во овој град. Улиците во центарот на градот беа претворени во реки, а морето е надојдено и брановите го заплиснуваа шеталиштето и ја поплавија авенијата Никис.

Во грчката провинција Западна Македонија, на планината Грамос вчера паѓаше снег, што е првиот снег оваа година. Гратчето Нимфео (Невеска) беше покриено со 15 сантиметри снег вчера до пладне, а снег паѓаше и на зимското одморалиште Вигла близу Флорина (Лерин), како и во села на планината Грамос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...