Во Софија на најновиот состанок на заедничката македонско-бугарска експертска комисија, денеска ќе се расправа за ликот и делото на Гоце Делчев и чиј е овој македонски револуционер, кој се борел за автономна Македонија.

На вчерашниот дел од дводневниот состанок, експертите во Софија работеле по претходно разменетите предлог идеи за усогласување на препораки за учебниците за седмо одделение во Република Македонија и шести клас во Бугарија.

„Постојат сериозни разлики во однос на пристапот и разбирањето на средновековната историја и во однос на терминологијата и користењето на одредени термини во учебниците кои се однесуваат на средновековниот период“, велата од мешовитата комисија.

И покрај разликите членовите на Комисијата усогласиле некои забелешки во однос на општите проблеми кои постојат во учебниците во двете држави.