Во Собранието денеска не се расправаше за именувањето на Бобан Христовски за директор на АНБ

На 22 октомври Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) почна да постапува по случајот за назначувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), по реакциите во јавноста околу назначувањето на Христовски, за што пристигнала и анонимна претставка со наводи дека именувањето е направено незаконски

-

Иако беше поднесена иницијатива од опозициските пратеници во Сoбранието во врска со незаконско именување на директор на Агенцијата за национална безбедност, за истата не се расправаше во собраниската Комисија за надзор над разузнавачките служби.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предложиле да се дополни дневниот ред со две други точки, а именувањето на Христовски да стане трета точка за дискусија. Пратеникот Драган Ковачки кажа дека не знае која институција утврдила дека назначувањето на Христовски е незаконско.

Претседателот на комисијата Скендер Реџепи одговори дека нема да го дополни дневниот ред со ваквите барања, зашто ниту тој, ниту неговиот заменик немале безбедносни сертификати за да вршат надзор над АНБ и АР. -Треба да имаме сертификат а јас немам. Нема ни мојот заменик. Овие работи ќе ги ставиме на дневен ред кога ќе добијам безбедносен сертификат, рече Реџепи. Потоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го укоруваа Реџепи дека Комисијата за надзор над АНБ и АР, не може да биде закочена поради неговото немање сертификат и посочија дека имало случаи кога во цели мандати во минатото пратеници не добивале безбедносни сертификати од некоја причина.

Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска оцени дека парламентарното мнозинство нема демократски капацитет за исполнување на вистинската задача на Комисијата.

„Немате капацитет да ислушате една забелешка, а ќе сте направеле реформа на безбедносните служби. Поддржувам надзор над АНБ и АР ама тоа да биде втора и трета точка, а прва – назначувањето на директорот. Така ќе можете да го побиете насловот на она што ние велиме дека е незаконско назначување“, рече Петровска.

Седницата на Комисијата не ни стигна до материјална расправа.

Инаку, на 22 октомври Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) почна да постапува по случајот за назначувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), по реакциите во јавноста околу назначувањето на Христовски за директор на АНБ, за што пристигнала и анонимна претставка до ДКСК со наводи дека именувањето е направено незаконски. Христовски беше назначен на директорското место во АНБ по разрешувањето на Зарко Милошевски.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...