fbpx

Во Словенија одредена минималната плата за студентите

-

Владата на Словенија и претставниците на студентските здруженија во земјата потпишаа документ со кој се регулира работата организирана преку студентските сервиси. Одреден е минималниот надоместок за еден час работа на студентите, а ним, според документот, ќе им се исплаќаат и придонеси за здравствено и за пензиско осигурување, пренесе радио МОФ.

Со ова, минималната студентска плата отсега ќе изнесува 3,8 евра за еден час (4,5 евра во бруто-износ). Работодавците ќе плаќаат 8,85 проценти од бруто-платата на студентите за пензиско осигурување, што е стимулација за компаниите, затоа што овој износ е меѓу најниските што треба да се плаќаат за сите групи работници.

Според словенечкиот премиер Миро Церар, документот кој е потпишан претставува голем чекор напред во регулирањето на привремената работа на студентите и е доказ дека дијалогот меѓу генерациите во земјата е изводлив и успешен.

Владата во Љубљана вчера ги продолжи мерките за стимулирање на компаниите што редовно вработуваат млади луѓе, врз основа на кои за една година работа добиле 2.500 млади луѓе.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...