Министерството за внатрешни работи (МВР) продолжува со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само во текот на вчерашниот ден, на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 301 санкција, информираат од МВР.
Полицијата вчера казнила 13 лица кои возеле без возачка дозвола, а изречени се 128 прекршоци за пречекорена брзина, како и 26 прекршоци за технички неисправни и нерегистрирани возила. Воедно, изречени се и 80 мерки за непрописно паркирање.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“ велат од ресорното министерство.