Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрекло вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59, за возење без возачка дозвола 10 санкции, 13 за возење под дејство на алкохол, пет санкции за нерегистрирани возила.

Соораќајната полиција продолжува со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.