Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа во ковид центрите во главниот град и во болниците низ земјава се лекувале вкупно 658 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, а има 415 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Според извештаите добиени на дневна основа, во болниците низ земјава се хоспитализирани вкупно 404 пациенти, при што во Битола има 25, во Штип 34 пациенти, на инфективното одделение во Тетово 14, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 52. Во ковид центарот во Охрид се на лекување 53, во Прилеп 59, во Гостивар 7, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица има 31 пациент, во Кочани 7, во Кичево 8, во Кавадарци 34, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатото денониќие во ковид центрите во Скопје се примени на лекување 27 нови пациенти поради компликации, а вкупно има 254 лица сомнителни и потврдени за ковид-19. На интерните клиники имало 10 приеми, во ГОБ „8 Септември“ 9, а 3 на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 5 пациенти. Дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника се лекуваат 20, на Клиниката за неврологија 13 болни, а на Институтот за ТБЦ 28 пациенти со симптоми на корона вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти. Во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 болни, а на ГАК има една хоспитализирана позитивна пациентка. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 95 слободни места.