Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа на инфективните одделенија во Скопје и во ковид центрите во болниците низ земјава вкупно се лекуваат 599 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, а и има околу 560 празни болнички кревети, соопштија од Министерството за здравство и додаваат дека бројките се менуваат од час во час, зависно од приеми и исписи на болни.

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 343 пациенти, од кои во Битола се хоспитализирани 28, а во Штип 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 18, во Велес 17, а во Куманово 50 пациенти. Во ковид центарот во Охрид лежат 65 пациенти, во Прилеп 20, во Гостивар 21, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 20 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 14, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во Скопје се лекуваат вкупно 254 болни, а изминатото деноноќие во ковид центрите  се примени 12 нови пациенти поради компликации од вирусот. На интерните клиники имало 5 приеми, а во ГОБ „8 Септември“ 7 нови приеми. Дома се пуштени 19 оздравени. 

Во моментов на Кожната клиника има 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 17, а на Институтот за ТБЦ 20 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за нефрологија се сместени 14 пациенти, а на Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 9 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 79 болни, на Клиниката за инфективни болести 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти. 

Од Министерството за здравство информираат дека голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, како и дека утрово до 8 часот во скопските ковид центри имало 130 слободни кревети.