fbpx

Во сите ковид центри се лекуваат 1.068 болни од ковид-19, има 745 слободни болнички кревети

-

Во ковид центрите во главниот град и во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.068 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а има  околу 745 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство, врз основа на податоците од последните 24 часа.

Во болниците низ земјава има 622 пациента. Во Битола се хоспитализирани 79 лица, во Штип 62, на инфективното одделение во Тетово има 25, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 77 пациенти. Во ковид центарот во Охрид лежат 70 лица, во Прилеп 51, во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 63, во Кочани 27, во Кичево 21, Кавадарци 32, а во Гевгелија 7 лица.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти, а вкупно 446 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели.

Дома се пуштени 38 оздравени пациенти.

На Интерните и хируршки клиники имало 5 приеми, во ГОБ „8 Септември“ 11, 6 пацинети билe примени на Инфективна клиника, a на Клиниката за Детски болести двајца. Во Козле и на Институтот за физикална медицина немало нови приеми на заболени.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 156 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 125 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти, на Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 17 болни.

„Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 290 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, информираат од Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...