Извор на фотографија: Министерство за здравство

Во сите ковид центри во земјава има околу 280 слободни болнички кревети, а од корона вирус се на лекување 916 пациенти, соопшти Министерството за здравство, според податоците во последните 24 часа.

Во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 566 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 44, во Штип 43 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 19, во Велес 41 болен, а во Куманово 92 позитивни и суспектни на вирусот. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 63 пациенти, во Прилеп 75, во Гостивар 20, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица има 36 пациенти, во Кочани 8, во Кичево 11, во Кавадарци 76, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 лежат болни.

Од ковид центрите во Скопје во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти, а вкупно 350 лица се лекуваат на инфективните оддели.

Биле хоспитализирани 28 нови болни. На интерните клиники имало 10 приеми, во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ 4, 10 на Инфективната клиника и 4 во детската клиника- Козле.

Во моментов на Кожната клиника се лекуваат 27 лица, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ има 55 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ се лекуваат вкупно 79 лица, на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца-Козле, има 25 болни. На ГАК има 5 хоспитализирани пациентки.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Утрово до 8 часот имало 22 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи, да се ослободат и дополнителни места, информираат од Министерството за здравство.