fbpx

Во Синичани ќе има вода, градоначалникот на Боговиње со благодарница на „Порталб.мк“ за професионално известување

-

После бројни обиди, судски постапки, конфликти меѓу жителите на Урвиќ и Синичани, конечно жителите од Синичани успеаја да добијат вода за пиење. За ова, градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили, рече дека и покрај многуте полемики, ова ветување е исполнето и сега жителите од Синичани ќе имаат вода за пиење 24/7. Благодарност за ова му беше доделена и на „Порталб.мк“, како еден од медиумите што редовно го следеше и коректно информираше за овој случај, пишува „Порталб.мк“.

Градоначалникот на Општина Боговиње истакна дека е срамота што во 21 век сè уште се разговара за вода за пиење, според него, ова достигнување им припаѓа на сите што дадоа придонес.

„Пред неколку месеци бевме тука и бевме во сосема друга ситуација од ова денес, се соочувавме со недостаток на вода за пиење, најосновната работа што му припаѓа на секој човек, се водеа многу полемики, се водеше и политика, сепак сите обединети успеавме да победиме. Денес веќе нема да пиеме вода од шишиња купени во продавници, туку од нашите славини“ – рече градоначалникот на Боговиње, за време на инаугурацијата на системот за водоснабдување.

Тој рече дека и покрај бројните полемики и дискусии за судскиот случај што го имал, затоа што полицијата не дозволила продолжување на работата, тој е ослободен со одлука на Основниот суд во Тетово.

„Многу дилеми, полемики и дискусии за овој настан беа разјаснети со одлуката на судот во која се вели дека градоначалникот работел според правилата, бидејќи се работеше за пандемија и немавме време да застанеме, моравме да дејствуваме на теренот“, додаде Џемаили.

Со што се соочија општина Боговиње и жителите на Синичани за да стигнат до ова денес?

Во јули годинава, трет пат по ред Општина Боговиње се обиде да започне градежни работи за изградба на водовод во атарот на селото Урвиќ. Точно на ова место, на 29 јули, имаше бројни полициски сили, кои според нив, се поставиле таму да „спречат можен конфликт меѓу жителите на Урвиќ и Синичани“.

Сепак, образложението на полицијата дека била таму за да спречи конфликт беше невистинито според градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили, тој тогаш изјави дека тоа е сторено од политички причини.

„Јас сум загрижен за моите граѓани и разбирам што прави политиката, но според законот сум должен да обезбедам вода на моите граѓани: Полицијата е многу одлучна, работата не може да продолжи“, истакна Џемаили на 29 јули.

Со образложение дека се работи за екстремна потреба, обвинителката Лејла Кадриу следниот ден, односно на 30 јули, излезе на местото на настанот и ѝ нареди на полицијата да го напушти местото и да им дозволи на работниците да продолжат со работите.

Сепак, дури и наредбата на обвинителката Кадриу не ги натера полициските службеници да го напуштат местото на настанот за да ја продолжат работата, и истите тогаш изјавија дека чекаат „пишана наредба“ и ќе заминат.

По бројните дискусии и состаноци во Владата, како и состаноци меѓу жителите на селата Урвиќ и Синичани, на 3 август, жителите се согласија да не ги блокираат работите и селото Синичани да ја добие долгоочекуваната вода. Тогаш полицијата објави дека ќе го напушти местото на настанот веднаш штом ќе ја добијат наредбата од обвинителството, во писмена форма.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...