fbpx

Во силна бура во Полска загина една жена

-

Една жена загина, а друга е повредена кога врз нив во градот Сопот во северниот дел на Полска, поради силна бура и ветер посилен од 100 километри на час, паднала гранка.

Гранката што ја скршил ветерот, паднала врз двете жени, при што 34-годишната жена загинала на самото место, а нејзината мајка, која е повредена е во критична состојба, се наоѓа во болница, соопшти Тадеуш Конкол од полската противпожарна служба.

Бурата со силина од 10 степени по Бофоровата скала, која на Балтикот крева бранови високи неколку метри, привремено закотви неколку бродови на пристаништата.

Невремето ја зафатило половина држава, а ветерот крши големи гранки и соборува дрвја. Поради дефект, на североистокот на Полска без струја останале 3.700 домаќинства.

Метеоролозите очекуваат ветерот да се смири во наредните неколку дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...