fbpx

Во Штип не се купува од маалска кооперација, има продавници на големи маркети

Во обид да ги одбрани големите пекари, кои одбија да продаваат леб по 33 денари, цена утврдена од Владата, потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска аргументираше дека во градовите како Штип лебот се продава за 30 денари, бидејќи нема големи маркети. Во Штип не само што ги има речиси сите големи маркети во државата, туку е седиште на два трговски синџири на маркети со дуќани во повеќе македонски градови, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

-

Во обид да ги одбрани големите пекари, кои одбија да продаваат леб по 33 денари, цена утврдена од Владата, потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска аргументираше дека во градовите како Штип лебот се продава за 30 денари, бидејќи нема големи маркети. Потрошувачите во Штип, според неа, се снабдуваат од маалски продавници, бидејќи во градот нема големи маркети, како Веро, Тинекс, Кипер, КАМ. Но, ова е невистина. Во Штип не само што ги има речиси сите големи маркети во државата, туку е седиште на два трговски синџири на маркети со дуќани во повеќе македонски градови, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Во гостување на националната ТВ Сител, Гордана Димитриеска – Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна техничка министерка за финансии, изрече невистина, со тврдењето дека во Штип нема големи маркети.

Големите маркети си имаат одреден процент не можат и не сакаат да се откажат. Знаеме дека исто така производителите плаќаат дали ќе биде на оваа полица, повисоко, пониско итн. Тоа се трошоци кои дополнително ги имаат големите производители. Она што, на пример во Штип не е карактеристично, имаме маалски продавници, претежно, немаме толку големи синџири како што се Веро, Тинекс, Кипер, КАМ… , изјави Димитриеска Кочоска.

[Извор: ТВ Сител, Тема на денот (од 5.45 до 06.07 минута во видеото); Датум: 02.03.2023 ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Штип е универзитетски,  урбан град со над 45.000 жители и развиена малопродажна трговска мрежа. Како и во секој град навистина има маалски продавници, како што тврди Димитриеска Кочоска, но и неколку десетици продавници на големите синџири на маркети.

По неколку продавници имаат КАМ, Кипер, Стокомак, Пакет маркет, Кит Го, а до неодамна и Тинекс. Штип е седиште на две компании кои имаат синџири на маркети – Зендолино со маркети во шест градови и Кит Го со маркети во 11 градови, а од јануари годинава се сопственост на косовската компанија „Вива Фреш“, која ги купи за 50 милиони евра. Во Штип работи и единствениот голем маркет на косовската компанија Елкос во овој дел на државата.

Димитриеска Кочоска снимката од телевизиското гостување ја споделила на својот Фејсбук профил, под кое во моментот на пишувањето на овој текст има 158 допаѓања и 21 споделувањe и 13 коментари. Меѓу  коментарите има и вакви:

Понатаму во интервјуто, образложувајќи зошто малите пекари може да продаваат поевтин леб, Гордана Димитриеска Кочоска тврди дека „маалски пекари, немаат кредити, имаат мал број на вработени и не го дистрибуираат лебот по маркетите“.

Додека на дополнителните трошоци на големите пекари, како што вели, влијае и пакувањето на лебот.

Има влијание и пакувањето. Во помалите места, можеби, е поразлично пакувањето од тоа што е во големите маркети, кажа Димитриеска Кочоска.  (од 06.12 до 06.20 минута во видеото)

Независно каде се дистрибуира лебот, во маалска продавница, маркет, во мало или големо место, производителите и трговците имаат обврска за почитување на здравствно-безбносните стандарди, според кои е пропишано соодветно пакување. Тоа подразбира почитување на Законот за безбедност на храната и соодветни правилници донесени од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).  Законите и правилниците важат подеднакво за сите оператори со храна независно дали се од Скопје или од помалите градови.

Ваквите изјави од интервјуто на Димитриеска Кочоска предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи. Некои во реакциите искажуваат дека се навредени, други се шегуваат преку споделување на шегобијни илустрации.

Според наведените аргументи, изјавата на Гордана Димитриеска Кочоска дека во Штип цената на лебот е 30 денари поради тоа што нема маркети на големите трговски синџири, ја оценуваме како невистинита.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Весна Коловска

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...