fbpx

Во салата „Една точка за услуги” граѓаните на едно место ќе добијат услуги од 10 институции

-

Сала за јавни услуги „Една точка за услуги” денеска се отвори во поранешните простории на Комерцијална банка, до хотелот „Стоун бриџ“. Овде, граѓаните на едно место може да добијат услуги од 10 различни инстутуции – МВР, Министерство за транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика, Управата за водење на матични книги, Агенција за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, УЈП, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Централниот регистар.

„Една точка на услуги“ ќе работи секој работен ден до 19.30 часот.

„Овој настан не можеше да биде организиран во подобро време, бидејќи се случува во период кога нашата земја во наредните неколку месеци треба да испорача видливи резултати во реформите, во кои се вклучени и реформските процес во јавната администрација. Во оваа просторија на граѓаните им се овозможува на едно место на една локација да добијат повеќе услуги без потреба да одат од инстутуција до институција. Ова е само појдовна точка на трансформирање на јавните услуги во услуги кои се брзи, навремени и ефикасни. Целта ќе биде постигната кога низ целата земја, секој граѓанин ќе може да има висококвалитетен јавен сервис. Овој сервис треба да ја демонстрира волјата на Владата дека не се работи само за козметика туку за суштински сервис кој најмодерен и најпрактичен начин менаџира со услугите на граѓаните“, рече премиерот Зоран Заев на отворањето.

Министерот за информатичко општество и администрација  Дамјан Манчевски појасни дека салата за услуги што се отвора денеска претставува само почеток на еден поголем проект  за воспоставување на вакви канцеларии низ целата држава, а ќе следуваат и други градови во следниот период.

„Нашата цел е да го смениме лицето и имиџот на јавната администрација преку менување на начинот преку кој граѓаните и фирмите ќе ги добиваат услуги. Ова е само почеток. Проектирано е решение за „Една точка за услуги“ и во другите градови. Целосно ќе ги укинеме шалтерите. Граѓаните ќе седат на иста маса со вработените во администрацијата. МИОА работи на дигитализацијата, следниот период ќе биде пуштен во употреба и националниот портал за електронски услуги. Дел ќе бидат достапни само и вистински со неколку кликови“, рече Манчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...