Во саботата и вчера ставени вкупно 18.292 вакцини против ковид-19

Фото: Мета.мк

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во земјава и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 722.578 граѓани. Прва доза вакцина во саботата и вчера примиле 9.240 граѓани, а вкупно се вакцинирале 18.292 граѓани. Во државата вкупно се ставени 1.253.612 дози вакцини, а ревакцинирани се 531.033 граѓани., соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Со последните бројки 52 отсо од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28 отсто од населението на возраст 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ земјава. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата, порачува МЗ.