fbpx

Во ребалансот на буџетот има пари само за обуки за новите 500 вработувања во МВР

-

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, денеска на расправата за ребалансот на буџетот, на пленарната седница во Собранието го праша министерот за финансии, Драган Тевдовски, од каде ќе се најдат пари од буџетот за новите 500 вработувања на полицајци во МВР.

– Од која ставка ќе издвоите средства за новите вработувања во МВР и дали се предвидени средства за овие нови 500 вработувања? Или ги ставивте како бројка туку-така, колку да ги изманипулирате пред локалните избори – праша Мукоски.

На ова прашање не одговори министерот за финансии Драган Тевдовски, но Благојче Трпковски од СДСМ во една од репликите кажа дека не се предвидени средства со ребалансот на буџетот за нив.

– Предвидени се само обуки, за нив не се потребни средства и не се предвидени во овој ребаланс на буџетот – одговори Трпковски.

Министерството за внатрешни работи распиша јавен оглас за вработување на 500 нови полицајци, од кои 360 ќе бидат распределени во СВР Скопје, во СВР Охрид – 30, во Битола, Струмица, Штип, Куманово и во Велес по 20 полицајци и во СВР Тетово – 10 полицајци.

Според податоци кои „Блумберг“ ги објави во 2008 година, тогаш во Македонија имало 9.905 полицајци.

Во 2014 година, поранешниот помошник-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски, изјави дека има околу 8.500 полицијаци, а според буџетот за плати, лани во МВР (вклучувајќи ја и администрацијата) имало 10.925 вработени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...