Во првите пет месеци од годината, во однос на истиот период лани бројот на туристите е зголемен за 15, 1 проценти, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 7,8 проценти, а кај странските има зголемување за 19 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 13,6 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 5,4 проценти, а кај странските има зголемување за 19, 1 проценти.
Најголем број од туристите ги посетуваат нашите езера и Скопје. Најбројни се туристите од Турција, Бугарија, Србија, Грција, Германија и Холандија.