Во превозот доминираат стари возила – за секој нов увезуваме девет стари автобуси (инфографик)

-

И по неколкуте сообраќајни несреќи во земјава во кои учествуваа автобуси, македонските превозници продолжуваат да увезуваат половни автобуси и минибуси од странство. Според податоците на Царинската управа на РСМ, во првите шест месеци од годинава се увезени 133 автобуси и минибуси, од кои дури 120 веќе биле употребувани во странство. Сепак, информациите за 2019 година говорат дека се зголемила бројката на увезени нови превозни средства, па така соодносот на половни наспроти нови автобуси и минибуси сега е 9:1. 

Ваквите бројки се поразлични од минатата година, кога соодносот бил 30 наспроти 1 во корист на увезените употребувани автобуси и минибуси од странство. Лани во нашата земја влегле дури 208 половни возила, кои се вклучиле во автобускиот превоз.

И Државниот завод за статистика пресметал дека 2018 година била најлоша во последните 9 години. Над 81,3% од целокупниот возен парк бил постар од 10 години, при што просечната старост на автобусите лани изнесувала 18,7 години.

Податоците од македонската царина покажуваат дека со години наназад во земјава се увезувале автобуси и минибуси, кои веќе биле користени за превоз на патници во други земји. Соодносот во корист на увезениот половен возен парк изнесувал 20:1 во 2017 година, 35:1 во 2016 година, 16:1 во 2015 година и 27:1 во 2014 година. Дури и во периодот кога Градот Скопје и владата набавуваа автобуси за јавниот превоз во Скопје, Царинската управа пресметала дека во речиси сите тие години се увезени повеќе половни наспроти нови автобуси од странство.

И додека увозот на стари автобуси и минибуси непрекинато трае, македонските граѓани продолжуваат да се преплашуваат од секоја нова сообраќајна несреќа во која учествуваат автобуси. Минатата недела, во сообраќајка на патот Велес – Штип беа повредени 18 лица во автобус што превезувал туристи на одмор во Бугарија.

Тешка траума во историјата на транспортот остави годинешната автобуска несреќа кај Ласкарци, кога автобус на „Дурмо турс“ излета од автопатот Скопје – Тетово, при што животот го загубија 16 лица.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...